Годишно собрание 2025 год
Седницата на Собранието ќе се одржи на ден 30.05.2025 година во 10 часот во просториите на друштвото на ул.„16-та Македонска бригада“ бр.18 во Скопје.
Имајќи го предвид досегашното позитивно искуство на успешно одржување на Годишното собрание на друштвото со писмена кореспонденција се повикуваат акционерите да учествуваат и да гласаат на Собранието со писмена кореспонденција, по следниот
Дневен ред
I.Процедурален дел
-утврдување на кворум за работа
-избор на Претседавач на Собранието и бројачи на гласови
-записникот ќе го води Нотар
II. Работен дел
Усвојување на записникот од претходното Собрание
Разгледување и донесување на Одлука за усвојување на годишната сметка, финансиските извештаи, годишниот извештај за работата на Друштвото во период од 01.01.2024 година – 31.12.2024 година, ревизорскиот извештај и извештајот за внатрешна ревизија за деловната 2024 година
Донесување на Одлука за одобрување на работата на Одборот на директори
Донесување на Одлука за покривање на загубата во деловната 2024 година
Донесување на Одлука за избор на ревизор за 2025 година
Донесување на Одлука за отповикување на еден член на Одборот на директори поради истек на мандат
Донесување на Одлука за избор и именување на еден член на Одборот на директори
Услов за учество во работата на собранието е пријавување на акционерот или овластениот застапник со полномошно.
Материјалите за работа на Седницата и сите дополнителни информации околу гласањето со писмена кореспонденција ќе бидат објавени на web страната на РЖ,,ЕКОНОМИКА,,АД-Скопје www.rzekonomika.mk
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.
Согласно Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.
Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на собранието коешто е свикано и/или предлагањето на одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на друштвото, односно до свикувачот на собранието назначен од судот во согласност со овој закон во рок од осум дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на седница на собранието на друштвото.
Кандидатурите за член на Одборот на директори да се достават на следната mail адреса: rzecoaop@t.mk најдоцна до недела 18.05.2025 година.